И Му поверува Аврам на Господ, и тоа му се засмета за праведност. И му рече: „Јас сум Господ, Кој те изведе од Ур Халдејски за да ти ја дадам оваа земја, да ја владееш.“ А тој рече: „Господи, Господи, по што ќе познаам дека ќе ја наследам?“ И му рече: „Принеси Ми јуница од три години, и коза тригодишна, и овен од три години, а и грлица и млад гулаб!“ И тој го зеде сето тоа, и ги пресече на половина и ги стави сите половини една спроти друга; само птиците не ги преполови. А птици грабливки слетуваа на лешевите; но Аврам ги бркаше. А кога сонцето беше на залез, го совлада Аврам длабок сон, и ете, го опфати голем мрак – и го обзеде ужас. И Господ му рече на Аврам: „Знај дека потомците твои ќе бидат придојдени во туѓа земја, ќе робуваат и ќе ги мачат четиристотини години. Но јас ќе го судам народот кај кого тие ќе бидат во ропство; потоа тие ќе излезат оттаму со големо богатство. А ти ќе отидеш кај татковците свои во мир, и ќе бидеш погребан во среќна старост. Тие, пак, во четвртото колено ќе се вратат ваму; зашто беззаконијата на Аморејците уште не го достигнале својот врв.“ А кога сонцето зајде и падна мрак, ете, дим како од печка и огнен пламен, помина меѓу оние делови. Во тој ден Господ направи завет со Аврам, велејќи: „На потомството твое му ја давам оваа земја од реката во Египет до големата река Еуфрат: Кенијците, Кенизијците, Кадмонијците
Прочитај Создавање 15
Сподели
Спореди ги сите верзии: Создавање 15:6-19
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа