Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 5:16-26

Галатјаните 5:16-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Сакам да ви го кажам следново: дозволете Светиот Дух да ве раководи и нема да им подлегнувате на грешните телесни похоти. Грешните телесни похоти се противат на дејствувањето на Светиот Дух, а Светиот Дух се противи на дејствувањето на грешните телесни похоти. Овие две сили се борат една против друга. Тоа значи дека нема да можете да правите се што ќе посакате. Но ако сте водени од Светиот Дух, значи дека вие веќе не сте под Законот. Делата на грешната телесна природа се видливи: блуд, погани работи, разврат, идолопоклонство, вражање, омрази, кавги, љубомора, гнев, себичност, поделби, ереси, завист, пијанство, развратни гозби и слични нешта за кои веќе порано ве предупредив. Како што веќе ви зборував, оние што прават такви нешта нема да го наследат Божјото царство. Од друга страна, ако ве раководи Светиот Дух, Тој ќе ги произведе во вас следниве плодови: љубов, радост, мир, трпеливост, љубезност, добрина, верност, кроткост и самоконтрола. Не постои закон што е против вакви нешта. Тие што Му припаѓаат на Исус Христос, ја имаат распнато својата грешна телесна природа, заедно со нејзините необуздани желби и страсти. Ако Светиот Дух ни дал живот, тогаш треба да живееме согласно Неговото водство. Не смееме да бидеме самобендисани, да се провоцираме еден со друг или да си завидуваме.

Галатјаните 5:16-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти. Зашто, телото сака противни рабо­ти на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате. Ако ве води Духот, вие не сте под Законот. Делата на телото се познати. Тие се: блудство, нечистота, бесрамност, служење на идоли, маѓии, непријателство, кавги, ревнување, гнев, раздо­ри, расцепи, зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост. Против такви нема закон. Оние, пак, кои се Христови, го рас­пнаа телото свое со страстите свои и похотите. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме. Да не бараме лажна слава, еден друг да не се предизвикуваме, еден на друг да не си завидуваме.

Галатјаните 5:16-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото, зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате. Но, ако Духот ве води не сте под Законот. А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност