Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ГАЛАТЈАНИТЕ 5:16-26

ГАЛАТЈАНИТЕ 5:16-26 MKB

А велам: одете во Духот и нема да ги исполнувате страстите на телото, зашто телото копнее против Духот, а Духот против телото; зашто тие се противат еден на друг, за да не го правите она, што сакате. Но, ако Духот ве води не сте под Законот. А делата на телото се познати; тоа се: блудство, нечистота, бесрамност, идолопоклонство, вражање, непријателства, препирка, ревнување, гнев, себичност, раздори, кривоверства; зависти, убиства, пијанства, срамни гозби, и слични на овие, за кои ви зборувам однапред, како што ви реков и порано: дека оние, кои прават такви работи, нема да го наследат Божјото Царство. А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, верноста, кротоста, самоконтролата; нема закон против вакви нешта. А оние кои се Христови го распнаа своето тело со неговите страсти и похоти. Ако живееме во Духот, нека и да Го следиме Духот! Да не бидеме полни со суетно славољубие! Да не се предизвикуваме еден со друг! Да не си завидуваме еден на друг!

Бесплатни планови за читање и побожни текстови поврзани со ГАЛАТЈАНИТЕ 5:16-26

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност