Галатјаните 1:15-17
Галатјаните 1:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незнабошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта, ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.
Галатјаните 1:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Но Бог ме одбра уште од утробата на мојата мајка и ме повика, поради Својата благонаклоност што јас не ја заслужувам. Реши да ми Го открие Својот Син, за да проповедам за Него меѓу нееврејските народи. За таа задача јас не барав совети од луѓе, суштества од крв и месо. Не отидов во Ерусалим кај оние што уште пред мене беа апостоли, туку веднаш заминав за Арабија, а подоцна повторно се вратив во Дамаск.
Галатјаните 1:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Му беше по волја на Оној, Кој ме оддели од утробата на мојата мајка и ме призва преку Својата благодат, да Го открие во мене Својот Син, за да Го проповедам меѓу народите, не се посоветував веднаш со тело и крв, ниту отидов горе во Ерусалим кај оние, кои пред мене беа апостоли, туку отидов понатаму во Арабија и пак се вратив во Дамаск.