Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Галатјаните 1

1
Поздрав
1 # Рим 1,1.4 Павле, апостол, повикан не од луѓе, ниту преку човек, туку преку Исус Христос и Бог Отецот, Кој Го воскресна од мртвите, 2#Дела 16,6; 18,23; 1 Кор 16,1; 2 Тим 4,10; 1 Птр 1,1и сите браќа што се со мене – до црк­вите во Галатија; 3#Рим 1,7благодат и мир вам од нашиот Бог Отец и од Господ Исус Христос, 4#2,20; Дела 2,40; 1 Тим 2,6; Тит 2,14; 1 Јн 5,19Кој се даде Себе за нашите гревови, за да нѐ избави од сегашниот зол свет, по волјата на Бога, Кој е наш Отец. 5#Рим 16,24Нему нека Му е слава во вечни ве­ко­ви. Амин!
Едно Евангелие
6 # 1,15; 5,8; Рим 1,6; 2 Кор 11,4; 2 Сол 2,2 Се чудам што така брзо се одвратувате од Оној Кој ве повика преку благодатта Христова, и преминувате кон дру­го Евангелие, 7зашто и нема друго Евангелие, но има такви кои ве бунат и сакаат да го изопачат Евангелието Христово. 8#1 Кор 16,22; 2 Кор 11,4Но ако и ние самите, или пак ангел од небото ви проповеда нешто спротив­но од она што ви благовестевме ние, не­ка биде проклет! 9Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет! 10#1 Сол 2,4Во луѓето ли сега барам благона­клонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, не­маше да бидам Христов слуга.
Откровението на Синот Божји и мисијата на Павле
11 # 1 Сол 2,13 Браќа, ве известувам дека Еван­ге­лието, кое јас Го проповедав, не е од лу­ѓе, 12#Мт 16,17зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку от­кровение на Исус Христос. 13#Дела 8,3; 22,2-5; 26,9-11; 1 Кор 15,9; Фил 3,6Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека пре­ку­мерно ја гонев Божјата црква и ја ра­зорував; 14#Мк 7,3; Дела 22,3и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за тат­ков­ските преданија. 15#1,6; Ис 49,1; Ер 1,5; Рим 1,1; 1 Кор 15,10Кога Бог, Кој ме избра уште од мај­чина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи 16#2,7; Дела 22,6-10.21; 26,13-18; 1 Кор 9,1; 2 Кор 4,6во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незна­бошците, – веднаш, не го прашав ни те­лото, ниту крвта, 17ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск. 18#Дела 9,26-30А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и ос­танав кај него петнаесет дена. 19#Мк 6,3А, пак, од апостолите не видов ни­кој друг, освен Јаков, братот Господов. 20#Рим 1,9А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам. 21#Дела 9,20; 11,13.26-28А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски. 22На Христовите цркви во Јудеја лич­но не им бев познат, 23туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја про­поведа верата што порано ја разорувал. 24И Го прославуваа Бога за мене.

Селектирано:

Галатјаните 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност