Галатјаните 1:10-12
Галатјаните 1:10-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Дали јас се обидувам да им угодам на луѓето и ним да им се умилкувам? Мене ми е важно Бог да го одобрува тоа што го проповедам. Да ми беа важни луѓето, немаше да станам службеник на Христос! Сакам да знаете, драги пријатели, дека Радосната вест што јас ви ја проповедав не потекнува од човек, зашто јас не ја чув од човек, ниту за неа некој ми раскажа, туку ја добив преку откровение директно од Исус Христос.
Галатјаните 1:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во луѓето ли сега барам благонаклонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга. Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го проповедав, не е од луѓе, зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку откровение на Исус Христос.
Галатјаните 1:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Дали јас сега ги уверувам луѓето или Бога? Или настојувам да им угодам на луѓето? Ако уште би им угодувал на луѓето, немаше да бидам Христов служител. Зашто, ве известувам, браќа, дека Евангелието кое го проповедав не е човечко, бидејќи ниту јас го примив од човек ниту го научив, туку преку откровението на Исуса Христа.