Езекиел 33:12-16
Езекиел 33:12-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Сине човечки, кажи им на синовите од твојот народ; праведноста нема да го спаси праведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ќе се откаже од гревот свој, како и праведникот во денот, кога ќе згреши, не ќе може да остане меѓу живите заради својата праведност. Кога ќе му речам на праведникот дека тој нема да биде жив, и тој се надева на својата праведност, па врши неправда, тогаш сите негови праведни дела нема да се спомнат, и тој ќе умре од неправдата своја, што ја извршил. А кога ќе му кажам на грешникот: ‚Бездруго ќе умреш‘, и тој се откаже од гревовите свои, па почне да живее по закон и по правда, ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, – тогаш тој ќе живее, нема да умре. Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив.
Езекиел 33:12-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Човечки сине, речи им на синовите на својот народ: ‘Праведникот нема да го избави неговата праведност во денот кога ќе согреши, ниту безбожникот ќе страда заради својата безбожност во денот кога ќе се одврати од неа, како што ни праведникот не ќе може да остане во живот во денот кога ќе согреши.’ Ако му речам на праведникот: ‘Ќе живееш!’ а тој почне да се надева во својата праведност и почне да прави неправда, ќе ја заборавам сета негова праведност, и тој ќе умре заради неправдата што ја направи! Ако му речам на безбожникот: ‘Ќе умреш!’ а тој се одврати од својот грев и почне да прави по законот и правдата; го враќа залогот, го плаќа ограбеното, не правејќи беззаконија - ќе живее, нема да умре! И сите гревови што ги имаше направено ќе му бидат заборавени. Работи според законот и правдата, ќе живее!