Сине човечки, кажи им на синовите од твојот народ; праведноста нема да го спаси праведникот во денот на неговиот престап, и грешникот поради беззаконието свое нема да падне во денот, кога ќе се откаже од гревот свој, како и праведникот во денот, кога ќе згреши, не ќе може да остане меѓу живите заради својата праведност. Кога ќе му речам на праведникот дека тој нема да биде жив, и тој се надева на својата праведност, па врши неправда, тогаш сите негови праведни дела нема да се спомнат, и тој ќе умре од неправдата своја, што ја извршил. А кога ќе му кажам на грешникот: ‚Бездруго ќе умреш‘, и тој се откаже од гревовите свои, па почне да живее по закон и по правда, ако тој грешник го врати залогот, го поврати ограбеното, оди по законот на животот и не врши ништо лошо, – тогаш тој ќе живее, нема да умре. Ниеден од неговите гревови, што ги извршил нема да му се спомнат; тој почнал да живее по закон и по правда, тој ќе биде жив.
Прочитај Езекиел 33
Сподели
Спореди ги сите верзии: Езекиел 33:12-16
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа