Езекиел 18:5-9
Езекиел 18:5-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некој е праведен и одржува закон и правда, по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израелов не свртува очи, жената на својот ближен не ја осквернува и до жената своја, кога се чисти од својата нечистотија не се приближува; никого не присилува, на должникот му го враќа залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и голиот го облекува во облека, под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд меѓу човек и човек; постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби – тогаш тој е праведник, тој секако ќе биде жив, вели Господ Бог.
Езекиел 18:5-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кој е праведен и кој ги почитува законот и правдата, и не јаде по планините и не ги подига очите кон идолите на Израелевиот дом, не ја обесчествува жената на својот ближен и не ѝ приоѓа на жената додека е нечиста; никому не му нанесува насилство, го враќа земеното во залог и ништо не ограбува; го дели својот леб со гладните, го облекува голиот, не дава на заем со добивка, ја воздржува раката од неправда, пресудува според вистината, оди по Моите наредби и ги чува Моите закони, постапувајќи според вистината - тој е навистина праведен и тој ќе живее, зборува Господ Бог.