Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Езекиел 18

18
Секој е одговорен за своите сопствени гревови
1И дојде слово Господово до мене: 2#Ер 31,29„Зошто употребувате во израелската земја поговорка, велејќи: ‚татков­ците јадеа кисело грозје, а на децата за­бите им фаќаат оскомина?‘ 3Жив сум Јас, вели Господ Бог: – во иднина нема да ја кажуваат таа пого­ворка во Израел. 4#3,18; 18,20; 5 Мојс 24,16Зашто, ете, сите души се Мои; како душата на таткото, така и душата на синот се Мои: која душа греши, таа ќе умре. 5#22,6-12; Мих 6,6-8; Пс 15Ако некој е праведен и одржува закон и правда, 6по планините не јаде жртвено и кон идолите на домот Израелов не свртува очи, жената на својот ближен не ја ос­квернува и до жената своја, кога се чисти од својата нечистотија не се приближува; 7#3 Мојс 19; Мт; 25,35-36никого не присилува, на должникот му го враќа залогот и грабеж не врши, од својот леб му дава на гладниот и голиот го облекува во облека, 8под лихва не дава и лихва не зема, ја воздржува раката своја од неправда и извршува праведен суд меѓу човек и човек; 9#3 Мојс 18,5постапува според Моите заповеди и искрено пази на Моите наредби – тогаш тој е праведник, тој секако ќе биде жив, вели Господ Бог. 10Но, ако му се роди син разбојник, кој пролива крв и врши нешто што и да е слично на тоа, 11#3 Мојс 20,10кое тој сам никако не го вршел и по планини јаде жртвено, и жената на ближниот ја осквернува, 12беден и сиромав угнетува, одзема насила, залог не враќа и кон идолите ги врти очите, тој врши гадотија; 13дава под лихва и зема лихва, – па зар ќе биде тој жив? Не, тој нема да биде жив. Кој ги врши сите тие гадни ра­боти, тој бездруго ќе умре, крвта негова ќе биде врз него. 14Но, ако некому му се роди син, кој, гледајќи ги сите тие гревови на својот татко, какви што ги вршел, па гледа – и не врши слични работи: 15по планини жртвено не јаде, кон идолите на домот Израелов не свртува очи, жената на својот ближен не ја ос­квернува 16и човек не присилува, залог не зема и насила не одзема, од лебот свој му дава на гладен и гол со облека облекува, 17врз беден рака не крева, награди и лихва не зема, ги исполнува Моите повелби, тој нема да умре заради грево­вите на татко си: тој ќе биде жив. 18А татко му, бидејќи немилосрдно угнетувал, братот го ограбувал, и вр­шел лоши работи кај народот свој, ете – тој ќе умре поради своето беззаконие. 19Вие велите: ‚зошто, пак, синот не ја сноси вината на татко си?‘ Затоа, што синот постапува законски и праведно, пази на сите Мои наредби и ги из­вршува: тој ќе биде жив. 20#5 Мојс 24,16Душата, која згрешила, ќе умре; синот нема да го понесе гревот на татко си, и таткото нема да го понесе гревот на синот свој, правдата на праведниот кај него си останува и беззаконието на грешникот кај него си останува. 21#33,11-16И грешникот, ако се одврати од си­те свои гревови, какви што правел, ако ги пази сите Мои уредби и постапува законски и праведно, ќе биде жив, нема да умре. 22Сите негови престапи, што ги пра­вел, нема да му се спомнуваат; во правдата своја, што ќе ја врши, тој ќе биде жив. 23Зар Јас сакам смрт за грешникот? вели Господ Бог. Напротив, Јас сакам – тој да се откаже од патиштата свои и да биде жив. 24И праведникот, ако отстапи од својата правда и постапува неправедно, ако ги врши сите оние гадотии, што ги вр­ши грешникот, ќе биде ли жив? Сите негови добри дела, што ги правел, нема да бидат спомнати: поради беззаконието што го вршел и поради гревовите свои, со кои грешел, тој ќе умре. 25Но вие велите: ‚не е исправен патот Господов‘. Послушајте, доме Израелов, зар Мојот пат не е исправен? Зар ва­шите патишта не се неисправни? 26Ако праведникот отстапува од правдата своја и врши беззаконија и затоа умира, тој умира поради гревот што го направил. 27И грешникот, ако се откаже од беззаконието свое што го вршел, па од­ржува закон и правда – ќе ја врати ду­шата своја кон живот. 28Зашто тој видел и се откажал од сите свои престапи, какви што напра­вил: ќе биде жив, нема да умре. 29А домот Израелов вели: ‚не е прав патот Господов!‘ Не се ли прави доме Израелов, Моите патишта? Па зар се прави вашите патишта? 30Затоа Јас ќе ви судам вам, доме Из­раелов, секого според делата негови, вели Господ Бог; покајте се и оттргнете се од вашите престапи, та вашето не­честие да не ви биде вам сопка. 31#11,19Отфрлете ги од себе сите свои гре­вови, со кои сте згрешиле, и направете си ново срце и нов дух; и зошто да умирате, доме Израелов? 32Зашто Јас не сакам никој да умре, вели Господ Бог; но поправете се – и живејте!“

Селектирано:

Езекиел 18: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се