Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 32:1-7

Излез 32:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А народот, кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арон, и му рече: „Стани и направи ни бог што ќе оди пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек – со Мојсеј, кој нѐ изведе од земјата египетска.“ Арон им рече: „Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени, синовите ваши и ќерките ваши, и донесете ми ги!“ И сиот народ ги извади златните обетки, што им беа на ушите, и му ги донесоа на Арон. А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: „Еве го, Израеле, твојот бог, кој те изведе од земјата египетска.“ А кога го виде тоа Арон, направи жртвеник спроти него, и изјави и рече: „Утре е празник на Господ.“ Утредента, станувајќи рано, принесоа жртви сепаленици и жртви за спасение; и испоседна народот, та јадеа и пиеја, и потоа станаа да играат. И му рече Господ на Мојсеј: „Оди поскоро и слези долу, зашто народот твој, кого го изведе од земјата египет­ска, појде по пат на беззаконие.

Излез 32:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А народот, гледајќи дека Мојсеј не слегува долго од гората, се собра околу Арона и му рече: „Стани! Направи ни бог, па нека оди тој пред нас! Не знаеме што се случи со тој човек Мојсеј, кој нѐ изведе од Египетската Земја.“ „Извадете ги златните обетки што висат на ушите на вашите жени, вашите синови и вашите ќерки - им одговори Арон - па донесете ми ги мене.“ Сиот народ ги симна златните обетки, што ги имаше на ушите и му ги донесоа на Арона. Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.“ Откако го виде тоа, Арон изгради жртвеник пред него, а потоа најави: „Утре нека биде приредена свеченост во чест на Господа!“ Рано наутро станаа и принесоа жртви паленици и донесоа помирителни жртви. Тогаш народот седна да јаде и да пие. Потоа станаа за да играат. „Побрзај долу! - му проговори Господ на Мојсеја. - Твојот народ, што го изведе од Египетската Земја, тргна наопаку.