Излез 32:1-4
Излез 32:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А народот, кога виде дека Мојсеј долго време не слегува од планината, се собра пред Арон, и му рече: „Стани и направи ни бог што ќе оди пред нас, зашто не знаеме што се случи со оној човек – со Мојсеј, кој нѐ изведе од земјата египетска.“ Арон им рече: „Извадете ги златните обетки од ушите на вашите жени, синовите ваши и ќерките ваши, и донесете ми ги!“ И сиот народ ги извади златните обетки, што им беа на ушите, и му ги донесоа на Арон. А тој, откако ги зеде од рацете нивни, ги растопи во калапи и од нив излеа теле. И рекоа: „Еве го, Израеле, твојот бог, кој те изведе од земјата египетска.“
Излез 32:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А народот, гледајќи дека Мојсеј не слегува долго од гората, се собра околу Арона и му рече: „Стани! Направи ни бог, па нека оди тој пред нас! Не знаеме што се случи со тој човек Мојсеј, кој нѐ изведе од Египетската Земја.“ „Извадете ги златните обетки што висат на ушите на вашите жени, вашите синови и вашите ќерки - им одговори Арон - па донесете ми ги мене.“ Сиот народ ги симна златните обетки, што ги имаше на ушите и му ги донесоа на Арона. Откако го прими златото од нивните раце, го растопи во калапи и направи леано теле. А тие извикаа: „Ова е твојот бог Израеле, кој те изведе од Египетската Земја.“