Излез 20:1-4
Излез 20:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Бог ги кажа сите овие зборови, велејќи: „Јас сум Господ, Бог твој, Кој те изведе од земјата египетска, од домот на ропството. Немој да имаш други богови освен Мене! Не прави за себе идол, ниту некаква слика на она, што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата
Сподели
Прочитај Излез 20Излез 20:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш Бог ги изговори сите овие зборови: „Јас Сум Господ, твој Бог, Кој те изведе од Египетската Земја, од куќата на ропството. Не ќе имаш никакви други богови покрај Мене. Не ќе си правиш врезан лик, ниту некаква слика на она што е горе во небото, или долу на земјата, или во водата под земја.
Сподели
Прочитај Излез 20