Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 15:22-27

Излез 15:22-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Потоа ги поведе Мојсеј синовите израелски од Црвеното Море, и тие на­влегоа во пустината Сур; и одејќи низ пустината три дена, не најдоа вода за пиење. Дојдоа во Мара, но не можеа да пијат вода во Мара, зашто беше гор­члива; затоа и го нарекле тоа место Мара. Тогаш народот почна да вика против Мојсеј, велејќи: „Што ќе пиеме?“ Извика Мојсеј кон Господ, и Господ му покажа дрво. Тој го фрли дрвото во вода, и водата стана слатка. Таму му да­де наредби и закони, и таму го подложи на проверка. И му рече: „Ако го послушаш до­бро гласот на Господ твојот Бог, ако правиш што е угодно пред очите Него­ви, ако ги слушаш заповедите Негови и ако ги пазиш сите наредби Негови, нема да ти пратам ниедна од болестите, што ги пратив над Египет. Зашто Јас сум Господ, твојот исцелител.“ Потоа стигнаа во Елим; таму има­ше дванаесет извори и седумдесет палми; и се улогорија таму крај водите.

Излез 15:22-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Мојсеј ги раздвижи Израелците од Црвеното Море, и тргнаа на пат низ пустината Сур. Патуваа низ пустината три дни, а не најдоа вода. Дојдоа до Мера, ама не можеа да пијат вода кај Мера, зашто беше горчлива. Затоа и се вика Мера. Народот мрмореше против Мојсеја и зборуваше: „Што ќе пиеме?“ А тој Го повика Господа. Господ му покажа едно дрво. Го фрли тој дрвото во водата, и водата стана слатка. Таму Господ им даде закон и право и таму ги стави во искушение. Потоа рече: „Ако го слушаш добро гласот на Господа, својот Бог, вршејќи што е право во Неговите очи; ако го насочуваш своето уво кон Неговите заповеди и ги држиш Неговите закони, нема да пуштам на вас никакви болести, што ги пуштив на Египетците. Зашто Јас Сум Господ, твој исцелител.“ Потоа стигнаа во Елим, каде имаше дванаесет извори и седумдесет палми. Таму се влогорија, покрај водата.