Излез 15:12-18
Излез 15:12-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ти ја пружи десницата Своја и земјата ги голтна. Според милоста Твоја го водиш овој народ, кого Ти го избави, и го спроведуваш со силата Своја во живеалиштето на Светоста Твоја. Народите слушнаа и затоа треперат: ужас ги опфати жителите на земјата филистејска. Тогаш се збунија поглаварите едомски, страв и трепет ги обзеде кнезовите моавски, се уплашија сите жители ханански. Нека ги опфати страв и ужас; од силата на раката Твоја нека онемеат како камен, додека не помине народот Твој, Господи, додека не помине овој народ што си го придобил. Одведи го и смести го во планината на Твоето наследство, во место, кое Ти Господи, си го приготвил за живеалиште Свое, во светилиштето создадено со рацете Твои, Господи! Господ ќе царува секогаш и во вечност.
Излез 15:12-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Десницата ја испружи и земјата ги голтна! Со Својата милост го водеше овој народ, откупен од Тебе, со Својата сила го упати кон Твоето свето живеалиште. Штом го чуја тоа, народите се стресоа; маки ги нападнаа Филистејците. Ужас ги скрши едомските главатари, трепет ги опфати моавските кнезови и се тресат сите што живеат во Ханаан. Страв и трепет ги напаѓаа нив, силата на Твојата рака ги скамени додека, Господи, не помина Твојот народ, додека не помина Твојот народ, кого го откупи. Ќе ги доведеш и ќе ги посадиш на Гората на Своето наследство, на местото што Ти, Господи, го направи Свое Живеалиште, Светилиште, о Господи, создадено со Твојата рака. Господ ќе царува секогаш и довека.“