Излез 13:17-22
Излез 13:17-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“ Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени. И ги зеде Мојсеј коските Јосифови со себе; зашто тој ги беше заколнал синовите на Израел, велејќи: „Господ навистина ќе ве посети, а вие тогаш понесете ги коските мои одовде со себе.“ И откако појдоа од Сукот, се настанија во Етам, при крајот на пустината. А Господ одеше пред нив, дење како столб од облак, а ноќе во вид на огнен столб, за да им свети; така тие можеа да одат дење и ноќе. И не се иставаше пред народот столбот облак – дење, ни столбот од оган – ноќе.
Излез 13:17-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.“ Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени. Мојсеј ги зеде со себеси Јосифовите коски. Зашто Јосиф ги заколна Израелците со зборовите: „Бог бездруго ќе се застапи за вас. Тогаш земете ги со себе оттука!“ Тргнувајќи од Сокхот се настанија во Етам, на крајот на пустината. Господ одеше пред нив, дење во столб од облак, за да им го покажува патот, а ноќе во столб од оган, за да им свети. Така можеа да патуваат и дење и ноќе. И не исчезнуваше од пред народот столбот од облак дење, ни огнениот столб ноќе.