Излез 13:17-18
Излез 13:17-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А кога фараонот го пушти народот, Бог не го поведе по патот преку филистејската земја, иако е пократок; зашто Бог рече: „За да не би да се покае народот, кога ќе види војна, па да се врати во Египет.“ Бог го поведе народот по патот преку пустината кон Црвеното Море. А синовите израелски излегоа од египетската земја вооружени.
Сподели
Прочитај Излез 13Излез 13:17-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Кога фараонот дозволи да замине народот, Бог не ги поведе кон Филистејската Земја, иако оттаму беше најблизу. Имено, Бог рече: „Може народот да се премисли и да се врати во Египет кога ќе види војување.“ Затоа Бог го поведе народот по заобиколувачки пат, низ пустината кон Црвеното Море. Израелците ја напуштија Египетската Земја вооружени.
Сподели
Прочитај Излез 13