Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Излез 12:1-7

Излез 12:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И Господ им рече на Мојсеј и на Арон во земјата египетска, ве­лејќи: „Овој месец да ви биде почеток на месеците, да ви биде прв месец меѓу месеците во годината. Кажете му на целиот собор на синовите израелски: ‚На десеттиот ден од овој месец, секој нека земе јагне шилеже според бројот на челадта: значи, по едно на семејство. Ако се помалку во домот за едно јагне, нека го земе кај себе соседот, кој му е најблизок, со онолку души, колку што треба, за да можат да го изедат јагнето. А јагнето или јарето да ви биде здраво, машко, без недостаток, од една година; земете го од овците или од козите. И чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец, а тогаш општиот со­бор израелски нека го заколе, во приквечерина. И нека земат крв од него и нека ги попрскаат обата довратника и горните прагови на куќата, во која ќе го јадат.

Излез 12:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Господ им рече на Мојсеја и Арона во Египетската Земја: „Овој месец нека ви биде почеток на месеците; нека ви биде прв месец во годината. Објавете ѝ го ова на целата израелска заедница: ‘На десеттиот ден на овој месец секое семејство нека си набави едно живинче. Така, едно на семејство. Но ако семејството е премало за да го потроши, тоа нека му се приклучи на својот сосед, на најблиската куќа, според бројот на личностите. Поделете го живинчето според тоа која личност колку може да изеде. Живинчето нека биде без недостаток, годиначе и машко. Можете да изберете или јагне или јаре. Чувајте го до четиринаесеттиот ден на овој месец. А тогаш нека целата израелска заедница го заколе кога ќе се спушти примракот. Нека ја земат крвта и ги попрскаат двата довратници и надвратникот на куќата, во која ќе јадат.