Излез 1:17-19
Излез 1:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но бабиците се плашеа од Бога и не правеа така, како што им заповеда египетскиот цар, туку ги оставаа машките деца живи. А египетскиот цар ги повика бабиците и им рече: „Зошто правите така и ги оставате машките деца во живот?“ А бабиците му одговорија на фараонот: „Еврејките не се како египетските жени: зашто тие се јаки и пред да дојде бабицата, веќе родиле.“
Сподели
Прочитај Излез 1Излез 1:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но бабиците се боеја од Бога и не правеа како што им нареди египетскиот цар, туку ги оставаа во живот машките деца. Затоа египетскиот цар ги повика бабиците и им рече: „Зошто работевте така и ги остававте во живот машките деца?“ На тоа бабиците му одговорија на фараонот: „Еврејките не се како египетските жени. Тие се здрави. Тие веќе родиле пред да дојде бабицата кај нив.“
Сподели
Прочитај Излез 1