Естира 4:10-17
Естира 4:10-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И му рече Естира на Хатах, испраќајќи го, да му каже на Мардохеј: „Сите слуги кај царот и народите во царските области знаат дека секој, било тоа маж или жена, што ќе влезе кај царот од внатрешниот двор, а да не е повикан, го очекува една пресуда – смрт; само оној, кон кого царот ќе го пружи својот златен жезол, останува жив. А јас не сум повикана кај царот еве веќе триесет дена.“ И му ги пренесоа на Мардохеј зборовите на Естира. Мардохеј во одговор ѝ рече на Естира: „Не мисли дека ти единствена од сите Јудејци ќе се спасиш во царскиот дом. Ако ти премолчиш во ова време, тогаш слободата и спасението на Јудејците ќе дојде од друго место, а ти и домот на таткото твој ќе загинете. И кој знае, дали токму за вакво време не си достигнала царско достоинство?“ А Естира му одговори на Мардохеј, велејќи: „Оди, собери ги сите Јудејци што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, и не пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугите свои исто така ќе постам и потоа ќе одам кај царот, иако е тоа и против законот, па ако загинам – нека загинам.“ Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира.