Повторени закони 7:1-6
Повторени закони 7:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога Господ, твојот Бог, ќе те воведе во земјата, во која ти одиш, за да ја освоиш, и ќе ги изгони од пред тебе многубројните народи: Хитијците, Гергесејците, Аморејците, Хананците, Перизијците, Евејците и Јевусијците, – седум народи, што се побројни и посилни од вас. И кога ќе ти ги предаде Господ, твојот Бог, во рацете твои, и ти ќе ги разбиеш, – тогаш предај ги на проклетство: не прави со нив сојуз и немој да ги поштедуваш; и не се ородувај со нив: ќерката своја не ја давај на синот негов, и ќерката негова не земај ја за синот твој, зашто тие ќе ги одвратат синовите твои од Мене, за да им служат на други богови; тогаш ќе се разгори врз вас гневот на Господ и Тој ќе ве истреби. Но постапете со нив вака: жртвениците нивни разрушете им ги, столбовите нивни разбијте ги, Ашерите нивни исечете ги и идолите нивни со оган изгорете ги; зашто ти си свет народ на Господ, твојот Бог; тебе те избра Господ, твојот Бог, за да бидеш негов сопствен народ меѓу сите народи, што се на земјата.
Повторени закони 7:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Кога Господ, твојот Бог, те воведе во земјата во која одиш да ја земеш во наследство, и кога ќе истера пред тебе многу народи: Хетејците, Гергесејците, Аморејците, Ханаанците, Ферезејците, Евејците и Евусејците - седумте народи побројни и посилни од тебе - па кога Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде и кога ти ќе ги поразиш, предај ги на проклетство; немој да склучуваш со нив сојуз ниту да им искажуваш милост. Не земај жена од нив, не мажи ја својата ќерка за нивниот син, ниту жени го својот син за нивна ќерка; зашто тоа би ги одвратило твоите синови од Мене; за да им служат на други богови; Господ би се разгневил против вас, и би те истребил бргу. Туку, направете вака со нив: порушете ги нивните жртвеници, искршете ги нивните столбови, откорнете ги нивните ашери, а изгорете ги нивните резани ликови.“ „Па ти си народ посветен на Господа, на својот Бог; Господ, твојот Бог, те избра тебе меѓу сите народи, кои се на земјата, за да му бидеш негов сопствен народ.