Повторени закони 6:6-9
Повторени закони 6:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце; и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои, и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски порти.
Повторени закони 6:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Овие зборови што денес ти ги заповедам, нека ти се врежат во срцето. Напомнувај им ги на своите синови. Зборувај им за нив кога седиш дома во својата куќа и кога одиш патем; кога легнуваш и кога стануваш. Врзи ги на својата рака за знак, и нека ти бидат како запис меѓу очите! Напиши ги на довратниците на својата куќа и на своите врати!