Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 32:41-47

Повторени закони 32:41-47 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Кога ќе го наострам Мојот блескав меч, и раката Моја го прими судот, ќе им се одмаздам на непријателите Мои и ќе им платам на оние што Ме мразат; ќе ги напојам стрелите Свои со крв, и мечот Мој ќе се насити со месо, со крвта од убиените и заробените, од главите на непријателските кнезови.‘ Величајте го, незнабошци народот негов! Зашто Тој ќе се одмазди за крвта на слугите Свои, ќе им се одмазди на непријателите Свои, и ќе ја очисти земјата Своја и народот Свој!“ И се приближи Мојсеј до народот и ги кажа гласно сите зборови од оваа песна пред народот, тој и Осија, синот Навинов. Откако Мојсеј ги кажа сите тие зборови пред целиот Израел, им рече: „Внесете ги во срцето сите зборови, што ви ги кажав денес, и порачајте им на децата ваши, да ги пазат и да ги исполнуваат сите зборови од овој закон; зашто тие не се за вас празни збо­рови, туку ваш живот, и преку нив ќе живеете долго време на земјата, за која одите преку Јордан да ја освоите.“

Повторени закони 32:41-47 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

ако не го земам судот во своите раце, откако ќе го наоштрам Својот блескав меч, за да им се одмаздам на Своите непријатели, за да им платам на оние Кои Ме мразат Мене. Своите стрели ќе ги испијанам со крв и Мојот меч ќе се најаде месо, крв од убиени и заробени, глави од непријателските кнезови.“‘ Воскликнувајте, о небеса, со Него обожувајте Го, Божји синови! Воскликнувајте, племиња, со Неговиот народ, вознесувајте ја Неговата сила, Господови пратеници. Зашто ќе ја одмаздам крвта на Своите слуги, со иста мерка ќе им вратам на непријателите, ќе наплати од оние кои Го мразат Него, ќе ја очисти од грев земјата на Својот народ.“ Дојде Мојсеј со Исуса, синот Навинов, па ги изговори во ушите на народот зборовите на оваа песна. Кога Мојсеј им ги изговори сите овие зборови на сиот Израел, им рече: „Во своите срца посадете ги овие зборови, што ги земам денес за сведоци против вас; наредете им на своите синови да ги пазат, вршејќи ги сите зборови на овој Закон. Та тоа не е за вас празно слово, зашто тоа е ваш живот. Заради ова слово ќе живеете долго во земјата што ќе ја земете во сопственост, откако ќе поминете преку Јордан.“