Повторени закони 32:15-18
Повторени закони 32:15-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И стана дебел Јешурун, дебел и тврдоглав: се згои, се здебели и прошири, Го остави Бога, Кој го создаде, отстапи од Бога, Спасителот свој. Со туѓи богови Го раздразнија и со одвратностите Го разгневија: им принесуваа жртва на злите духови, а не на Бога; на боговите, што не ги познаваа, на боговите нови и непознати, кои предците ваши не ги знаеја. А покровителот, кој те родил, ти Го остави, и Бога, Кој те создал, Го заборави.
Повторени закони 32:15-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јадеше Јаков и се насити, се згои Есурун па почна да удира со нозе. Си се здебелил, си се згоил, се салоса. Го заборави Бога Кој го создаде и ја презре Стената на своето спасение. Со туѓите богови Го направија ревнив. Го разјарија со своите гнасотии. Им жртвуваа на злите духови што не се Бог, на боговите што не ги познаваа порано, на придојдениците кои стигнаа скоро и од кои нивните татковци не се плашеа. Не се грижиш за Стената што те даде на свет, не си спомнуваш веќе за Бога, Кој те роди!“