Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 31:3-8

Повторени закони 31:3-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Господ, твојот Бог, Сам ќе тргне пред тебе; Тој ќе ги истреби тие народи пред тебе, и ти ќе ги наследиш; Исус ќе тргне пред тебе, како што рече Господ;‘ и ќе постапи Господ со нив така како што постапи со Сихон и со Ог, цареви аморејски, и со земјите нивни, кои Тој ги уништи; и ќе ви ги предаде Господ, и вие ќе постапите со нив според заповедите, што ви ги дадов. Бидете цврсти и храбри, не плашете се и не ужасувајте се од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ќе тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави.“ Тогаш Мојсеј го повика Исус и пред сите Израелци му кажа: „Биди цврст и храбар, зашто ти ќе влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на предците ваши дека ќе им ја даде; и ти ќе им ја разделиш на делови. И Господ ќе тргне Самиот со тебе, Самиот ќе биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.“

Повторени закони 31:3-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Самиот Господ, твојот Бог, ќе премине пред тебе; Тој ќе ги порази пред тебе оние народи, за да ги истерате од земјата. Исус ќе врви пред тебе, како што рече Господ. Господ ќе постапи со нив како што постапи со Сион и Ог, аморејски цареви, и со нивната земја кога ги уништи. Господ ќе ги положи пред вас, а вие ќе постапувате со нив според сите наредби, што ви ги дадов. Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.“ Тогаш Мојсеј го повика Исуса па му рече пред сиот Израел: „Охрабри се и биди одлучен! Зашто ти ќе одиш со овој народ во земјата за која Господ им се заколна на нивните татковци, дека ќе им ја даде; ти ќе им ја разделиш во наследство. Самиот Господ врви пред тебе; Тој ќе биде со тебе; не ќе те испушти ниту ќе те остави. Не бој се и не трепери!“