Повторени закони 28:1-6
Повторени закони 28:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите Негови заповеди, што денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ќе те постави погоре од сите народи на земјава; и ќе се пренесат на тебе сите овие благослови и ќе се исполнат, ако го слушаш гласот на Господ, твојот Бог. Благословен ќе бидеш во градот и благословен во полето. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои. Благословени ќе бидат кошниците твои и ноќвите твои. Благословен ќе бидеш, кога влегуваш, и благословен – кога излегуваш.
Повторени закони 28:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Ако навистина го послушаш гласот на Господа, својот Бог, пазејќи ги и вршејќи ги сите негови заповеди што ти ги наредувам денес, Господ, твојот Бог, ќе те возвиши над сите народи на земјата. Сите овие благослови ќе слезат над тебе и ќе те стигнат ако го слушаш гласот на Господа, својот Бог. Благословен ќе бидеш во градот, благословен во полето. Благословен ќе биде плодот на твојата утроба, родот на твојата земја, плодот на твојот добиток: рожбите на твоите говеда и на твоите стада. Благословен ќе биде твојот кош, и твоите ноќви. Благословен ќе бидеш кога ќе влегуваш, благословен кога ќе излегуваш.