Повторени закони 25:17-19
Повторени закони 25:17-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Помни, како постапи со тебе Амалик, по патот, кога доаѓавте од Египет; како тој не се уплаши од Бога и како ги погуби по патот сите кои заостанаа зад тебе од умор, кога ти беше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога. И така, кога Господ, твојот Бог, ќе те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како наследство да ја поседуваш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.
Повторени закони 25:17-19 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Спомни си за она што ти направи Амалик додека бевте на пат, откако излеговте од Египет; како те пречека на патот и ги истепа во твојата заднина сите немоќни, кога беше уморен и исцрпен, зашто не се боеше од Бога. И затоа, кога Господ, твојот Бог, те смири од сите твои непријатели наоколу во земјата која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство, избриши го под небото споменот на Амалика. Не заборавај!“