Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Повторени закони 1:34-39

Повторени закони 1:34-39 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И кога Господ ги чу зборовите ва­ши, се разгневи, и се заколна, велејќи: „Никој од овие луѓе, од овој зол род, нема да ја види добрата земја, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам; само Халев, Јефунеовиот син, тој ќе ја види; нему ќе му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господ.“ Господ се разгневи и на мене заради вас, велејќи: „И ти нема да влезеш та­му; Исус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ќе влезе таму; него поткрепи го, бидејќи тој ќе му ја даде на Израел во наследство; и децата ваши, за кои говоревте дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму; ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат.

Повторени закони 1:34-39 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Господ ја чу вашата врева и се заколна во Својот гнев: ‘Ниеден единствен од овие луѓе, од ова опако поколение, не ќе ја види оваа добра земја за која се заколнав дека ќе им ја дадам на вашите татковци. Освен Халев, синот Ефониев. Тој ќе ја види; нему и на неговите потомци ќе им ја дадам земјата низ која одеше, зашто верно го следеше Господа.’ Заради вас Господ се налути и на мене па ми рече: ‘Ни ти нема да влезеш онаму. Онаму ќе влезе само Исус, синот Навинов, кој ти служи. Охрабри го ти него, зашто тој ќе го воведе Израел во неговото наследство. А и вашите мали деда, за кои рековте дека ќе станат робови, вашите синови кои не знаат да го разликуваат доброто и злото, тие ќе влезат во неа; ќе им ја дадам ним во сопственост.