Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 9:1-6

Даниел 9:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Во првата година од царувањето на Дариј, синот на Ксеркс, од мидиски род, кој беше поставен за цар над ва­вилонското царство, во првата година на неговото царување, јас, Даниел, го разбрав според книгите бројот на годините според сло­вото што му го беше кажал Господ на Еремија, дека седумдесет години ќе се навршат над опустошениот Ерусалим. И го свртев лицето свое кон Господ Бог со молитва и со молба, во пост, во вреќиште и пепел. И Му се молев на Господ мојот Бог, се исповедав и Му реков: „Те молам, Господи, Боже Велики и чудесен, Кој пазиш на заветот и имаш милост за оние кои Те сакаат и кои ги пазат Твои­те заповеди! Згрешивме, вршевме беззаконија, дејствувавме нечесно, се противевме и отстапивме од Твоите заповеди и од Твоите наредби и не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа од Твое име на царевите наши и на достоинствениците наши, на татковците наши и на сиот народ од земјата.

Даниел 9:1-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Во првата година на Дариј, синот Хасвиров, од родот на Мидијците, кој владееше со Халдејското царство, и така во првата година на неговото царување, јас, Даниел, ги истражував во Писмата бројот на годините, што - според зборовите кои Господ му ги упати на пророкот Еремија - требаа да се исполнат над урнатините на Ерусалим: седумдесет години. Јас го обратив своето лице кон Господа Бога, настојувајќи да се молам и да просам во пост, со вреќиште и со пепел. Јас му се молев на Господа, својот Бог, исповедувајќи се, реков: „Ах, Боже мој, велики и страшен Боже, Кој им го пазиш Сојузот и наклонетоста на оние кои Те љубат Тебе и кои ги пазат Твоите заповеди! Ние согрешивме, ние направивме беззаконие, сторивме зло, се одметнавме и се оддалечивме од Твоите заповеди и наредби. Не ги слушавме Твоите слуги, пророците, кои им зборуваа во Твое име на нашите цареви, на нашите кнезови, на нашите татковци, на сиот народ на земјата.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност