Даниел 7:25-27
Даниел 7:25-27 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И против Севишниот ќе зборува и ќе ги угнетува светиите на Севишниот; дури ќе си помисли да ги измени празниците нивни и закони, па тие ќе бидат предадени во раката негова за време од три и пол години. Потоа небесниот Суд ќе ја одземе од него власта и сосема ќе го уништи и докрајчи, а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ќе му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите великодостојници ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему.
Даниел 7:25-27 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тој ќе хули на Сѐвишниот, ќе ги сотрува Светите на Сѐвишниот; ќе помислува да ги измени времињата и Законот, и Светите ќе бидат предадени во негови раце за едно време и за две времиња и за половина време. Тогаш Судот ќе седне, ќе му ја одземе власта, ќе ја разурне, ќе ја уништи сосем. А царството, власта и величеството под сите небеса, ќе им се даде на народот на Светите на Сѐвишниот. Неговото Царство е вечно Царство, и сите власти ќе Му служат и ќе Му се покоруваат Нему.’