Даниел 2:41-43
Даниел 2:41-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А тоа што си ги видел – нозете и прстите на нозете направени делумно од грнчарска глина и делумно од железо, тоа царство ќе биде разделено и во него ќе остане само нешто од цврстината на железото, бидејќи си видел железо, измешано со грнчарска глина. И како што прстите на нозете беа делумно од железо, а делумно од глина, така и царството ќе биде делум силно, а делум слабо. А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека царевите на тоа царство ќе се обидат да се соединат преку мешани бракови меѓу себе, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не се меша со глината.
Даниел 2:41-43 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Стапалата што ги виде, делумно од глина а делумно од железо се поделеното царство; ќе имаат нешто од цврстината на железото според што си видел железо измешано со глина. Прстите на стапалата, делумно железо а делумно глина: царството ќе биде делумно цврсто а делумно кревко. А што си видел железо измешано со глина: тие ќе се мешаат со човечко семе, но нема да се држат заедно, како што ни железото не може да се измеша со глина.