Даниел 2:34-35
Даниел 2:34-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Додека го гледаше, еден камен се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно – глинени нозе и го скрши. Тогаш заедно сѐ се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана голема планина и ја исполни целата земја.
Сподели
Прочитај Даниел 2Даниел 2:34-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ти набљудуваше: одненадеж се одвали камен а да не го допре рака, па удри во кипот, во стапалата од железо и глина, та го скрши. Тогаш наеднаш се здроби железото и глината, бронзата, среброто и златото, и сѐ стана како плева на гумно лете, и ветерот го однесе сето без трага. А каменот што удри во кипот стана голема гора та ја наполни сета земја.
Сподели
Прочитај Даниел 2