Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Даниел 10:9-14

Даниел 10:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите него­ви, ненајдено паднав во несвест и лежев со лицето кон земјата. Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои. Па ми рече тој: „Даниеле, сакан чо­веку, задлабочи се во зборовите што ќе ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто кај тебе сум денеска испра­тен.“ Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен. Но тој ми рече: „Не бој се Даниеле! Од првиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се понизиш пред твојот Бог, зборовите твои беа услишени, и јас сакав да дојдам според зборовите твои. Но кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден; но Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне зашто јас бев таму сам, кај персискиот цар. А сега дојдов да ти соопштам, што ќе се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува за далечни дни.“

Даниел 10:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Го чув гласот на неговите зборови и кога го разбрав гласот, се обесвестив и паднав со лицето на земјата. И ете: ме допре рака и ми помогна да се потпрам врз колената и врз дланките. Тој ми рече: „Даниеле, љубимче, внимавај на зборовите што ќе ти ги речам! Стани, зашто еве јас сум испратен кај тебе.“ Тоа го рече, а јас станав треперејќи. И ми рече: „Не бој се Даниеле, зашто од првиот ден кога одлучи да се понизиш пред Својот Бог за да разбереш, твоите зборови се послушани, и јас дојдов заради твоите зборови. Кнезот на персиското царство ми се противеше дваесет и еден ден, но Михаел, еден од првите кнезови, ми дојде на помош. Го оставив спроти персиските цареви, а јас дојдов за да ти кажам што ќе му се случи на твојот народ до крајот на деновите. Зашто ќе биде уште еден привид за оние денови.“