Дела 8:26-29
Дела 8:26-29 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим, па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија. Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“
Дела 8:26-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А на Филип му рече ангел Господов: „Стани и тргни на југ, по патот што води од Ерусалим за Газа, кој е пуст.“ Тој стана и тргна; и ете, еден човек од Етиопија, евнух, висок достоинственик на Кандакија, етиопската царица, кој беше чувар на сите нејзини ризници. Тој дошол во Ерусалим на поклонение, а сега се враќаше и, седејќи в кола, го читаше пророкот Исаија. Духот, пак, му рече на Филип: „Приближи се и застани до колата!“
Дела 8:26-29 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И Господов ангел му рече на Филипа: „Стани и оди кон југ, по патот што се спушта од Ерусалим кон Газа, и тој е пуст. Тој стана и отиде. И ете, маж Етиопец - скопеник, дворјанин на етиопската царица Кандакија, кој беше одговорен над целата ѝ ризница, а беше дошол во Ерусалим да се поклони, и на враќање, седеше во својата кола и го читаше пророкот Исаија. А Духот му рече на Филипа: „Приближи се и придружувај ја колата!“