Потоа ангел Господов му рече на Филип: „Стани и оди на југ, по пустинскиот пат што се спушта од Ерусалим кон Газа!“ Филип веднаш замина. По пат сретна еден Етиопјанец, евнух, виден службеник кој раководел со целата ризница во дворецот на етиопската царица Кандакија. Тој бил на поклонение во Ерусалим, па сега се враќаше во Етиопија. Седеше во својата кола и ја читаше книгата на пророкот Исаија. Светиот Дух му рече на Филип: „Приближи се до колата и придружи му се на Етиопјанецот.“
Прочитај Дела Ап. 8
Сподели
Спореди ги сите верзии: Дела Ап. 8:26-29
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа