Дела 5:3-5
Дела 5:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи Сатаната да ти го исполни срцето, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата? Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“ Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.
Дела 5:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но Петар рече: „Ананија, зошто го исполни сатаната срцето твое да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од земените пари за нивата? Додека не беше продадена, нели беше твоја? И откако ја продаде, нели беа парите во твоја власт? Зошто си стави на срцето свое таква работа? Ти не излажа луѓе, туку Бога!“ Кога ги слушна Ананија тие зборови, падна и издивна; и голем страв ги обзеде сите што го слушаа тоа.
Дела 5:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Петар му рече: „Ананија, зошто сатаната го исполни твоето срце да Го излажеш Светиот Дух и да задржиш од цената на нивата? Не беше ли твоја додека не беше продадена? И кога ја продаде - не беше ли во твоја власт? Зошто го науми тоа нешто во своето срце? Не ги излага луѓето, туку Бога!“ Кога Ананија ги чу зборовите, падна и издивна. И голем страв ги обзеде сите, кои го чуја тоа.