Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела Ап. 5

5
1А еден друг човек, по име Ананиј, во договор со својата жена Шапира исто така продаде една од своите ниви
2но само дел од парите им донесе на апостолите, тврдејќи дека тоа се сите пари. За сето ова знаеше и неговата жена.
3Тогаш Петар му рече: „Ананиј, зошто дозволи Сатаната да ти го исполни срцето, да Го излажеш Светиот Дух и да прикриеш дел од парите што ги доби за нивата?
4Нивата беше твоја. Твоја работа беше дали ќе ја продадеш или не. И кога ја продаде, парите беа твои. Зошто се реши на измама? Ти се обиде да Го измамиш Бога, а не луѓето!“
5Кога Ананиј ги слушна овие зборови, падна и умре! Сите што слушнаа за ова многу се исплашија.
6Неколку момчиња станаа, го завиткаа во платно, го изнесоа и го погребаа.
7По околу три часа, дојде неговата жена и влезе, не знаејќи што се случи.
8Петар ја праша: „Кажи ми, за толку пари ли беше продадена нивата?“ “Да, за толку“ - рече таа.
9Петар и рече: „Зошто се договоривте да го ставате на проверка Духот Господов? Еве ги пред врата момчињата што отидоа да го погребат твојот маж, па и тебе мртва ќе те изнесат!“
10И таа веднаш падна пред неговите нозе и умре. Кога влегоа момчињата, ја најдоа и неа мртва, па ја изнесоа и ја погребаа крај нејзиниот маж.
11Голем страв ја зафати целата црква и сите што слушнаа за ова.
12Преку рацете на апостолите беа покажувани многу видливи докази и чуда сред народот. Тие редовно се состануваа во храмот, под Соломоновиот трем, и сите беа сложни.
13Иако луѓето многу ги почитуваа, никој не се осмелуваше да им се придружи во храмот.
14Од друга страна, се умножуваше бројот на луѓето што веруваа во Господ, голем број мажи и жени.
15Луѓето изнесуваа на улиците болни, положени на носила и постели, со надеж дека барем сенката на апостол Петар ќе падне на некој од нив и ќе ги исцели.
16Се собираа многу луѓе и од градовите околу Ерусалим. Носеа болни и обземени од демонски духови, и сите беа исцелувани.
17Тогаш Првосвештеникот и неговите пријатели, садукеите, се исполнија со завист,
18па ги уапсија апостолите и ги фрлија в затвор.
19Но уште истата вечер ангел Господов ги отвори вратите на затворот и ги ослободи, велејќи им:
20„Одете, застанете во храмот и проповедајте им ја на луѓето оваа порака што е од животна важност!“
21Апостолите го послушаа и уште на разденување влегоа во храмот и ги поучуваа присутните.
22Но испратените од гардата на храмот не ги најдоа апостолите во затворот, па се вратија и им рекоа:
23„Затворот беше заклучен, со целото обезбедување и стража пред вратата, но кога влеговме внатре никого не најдовме!“
24Кога го слушнаа ова, заповедникот на гардата во храмот и Првосвештеникот се збунија и се прашуваа, што треба да значи тоа!?
25Тогаш дојде еден човек и им рече: „Оние што ги фрливте в затвор сега се во храмот и го поучуваат народот!“
26Штом го чу ова заповедникот на гардата на храмот, со своите слуги, отиде и ги доведе апостолите, без да употреби сила, зашто се плашеше да не биде каменуван од народот.
27Потоа ги изведоа пред Врховното собрание и Првосвештеникот почна да ги испрашува:
28„Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“
29Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени.
30Вие Го убивте Исуса, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна,
31Го воздигна како наш Водач и Спасител, па Го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покаат и Бог да им ги прости гревовите.
32За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се послушни.“
33Кога членовите на Врховното собрание го слушнаа ова, збеснаа и решија да ги убијат Христовите апостоли!
34Но стана еден фарисеј по име Гамалиел, вероучител почитуван од целиот народ. Им нареди на апостолите да излезат за кратко.
35Потоа му се обрати на собранието: „Луѓе Израелци, размислете добро што ќе сторите со овие луѓе!
36Пред извесно време се беше кренал Тода, Кој за себе тврдеше дека е голем човек. Му се приклучија околу четиристотини луѓе. Тој беше убиен, а сите негови следбеници се распрснаа и исчезнаа.
37По него, за време на пописот, се појави галилеецот Јуда и привлече многу народ по себе. И тој загина, па сите негови следбеници се разбегаа.
38И за овој случај ве советувам: Оставете ги овие луѓе, пуштете ги, зашто ако целото ова движење и учење се од луѓе - ќе исчезнат,
39но ако се од Бога не можете да ги уништите. Внимавајте да не се впуштите во судир со Бог!“ Собранието го прифати неговиот совет.
40Ги викнаа апостолите, ги натепаа и им забранија никогаш повеќе да не зборуваат за Исус. Потоа ги пуштија.
41Апостолите си заминаа од собранието, радосни што Бог ги удостои да страдаат поради верност спрема името на Исус.
42Потоа, секој ден, во храмот и по куќите, непрестајно го поучуваа народот и проповедаа дека Исус е долгоочекуваниот Месија.

Селектирано:

Дела Ап. 5: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност