Дела 5:28-32
Дела 5:28-32 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
„Јас најстрого ви забранив да зборувате за Исус, а вие го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сте решиле врз нас да ја префрлите вината за смртта на Тој Човек!“ Петар и другите апостоли му одговорија: „Треба да Му се покоруваме првенствено на Бог, а потоа и на луѓето што ни се претпоставени. Вие Го убивте Исуса, Го распнавте на крст, но Богот на нашите татковци Го воскресна, Го воздигна како наш Водач и Спасител, па Го постави на почесното место - од Својата десна страна, за да им даде можност на Израелците да се покаат и Бог да им ги прости гревовите. За овие настани сведоци сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се послушни.“
Дела 5:28-32 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
„Зарем не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А вие пак го исполнивте Ерусалим со вашето учење и сакате крвта на Оној човек да ја фрлите на нас.“ А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето. Бог на татковците наши Го воскресна Исус, Кого вие Го погубивте, приковувајќи Го на крст. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гревовите на Израел. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“
Дела 5:28-32 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
“Зар не ви забранивме строго да не поучувате во тоа име? А еве, вие го наполнивте Ерусалим со својата наука и сакате да ја фрлите крвта на Тој Човек на нас.“ А Петар и апостолите во одговор рекоа: „Треба да Го слушаме Бога повеќе, отколку луѓето. Бог на нашите татковци Го воскресна Исуса, Кого вие Го обесивте на дрво и Го убивте. Бог, со Својата десница, Го возвиси Него за Началник и Спасител, за да му даде покајание на Израел и проштавање на гревовите. Ние сме сведоци за тоа и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние, кои Му се покоруваат.“