Дела 24:14-16
Дела 24:14-16 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас овде, пред Вас, признавам дека сум следбеник на Христовото учење што тие го нарекуваат секта и на тој начин Му служам на Богот на нашите татковци, верувајќи во се што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците. И јас, како и тие, верувам во Бог и уверен сум дека Тој ќе ги воскресне мртвите, како праведните, така и неправедните. Заради тоа правам се што знам и умеам, та мојата совест пред Бог и пред луѓето секогаш да биде чиста.
Дела 24:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но ти признавам дека според учењето, кое тие го нарекуваат ерес, Му служам на Бога на нашите татковци, дека верувам во сѐ што е напишано во Законот и во Пророците, дека се надевам на Бога, дека ќе има воскресение на мртвите, на праведните и на неправедните, кое и тие сами го очекуваат. А затоа и сам се трудам секогаш да имам чиста совест пред Бога и пред луѓето.
Дела 24:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е напишано во Законот и Пророците, и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните. Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето.