Лого на YouVersion
Икона за пребарување

ДЕЛА 24

24
Пред управителот Феликс
1А по пет дена првосвештеникот Ананиј слезе со неколку старешини и со некој си говорник Тертил, и истапија пред управителот против Павла. 2И кога го повикаа, Тертил почна да го обвинува, велејќи: 3“Голем мир уживаме благодарејќи тебе и со твојата грижливост многу нешта се поправија во народов; тоа, ние, честити Феликсе, со секаква благодарност го признаваме на секој начин и на секое место; 4но, за да не те задржувам повеќе, те молам да нѐ ислушаш накратко со твојата благост. 5Еве, најдовме дека овој човек е зараза, дека предизвикува препирки меѓу сите Јудејци по целиот свет и дека е водач на назарејската секта. 6И се обиде да го оскверни и Храмот, и ние го фативме и сакавме да му судиме според нашиот Закон, 7но дојде заповедникот Лисиј, со голема сила, и го грабна од нашите раце, 8и заповеда неговите обвинители да дојдат при тебе. Ако го испиташ самиот, ќе можеш да узнаеш од него, сѐ за што ние го обвинуваме.“ 9А Јудејците потврдија дека е така.
10А кога управителот му даде знак да зборува, Павле одговори: „Бидејќи знам дека многу години си му судија на народов, јас, на драго срце, ќе зборувам во своја одбрана. 11Ти самиот можеш да дознаеш дека нема повеќе од дванаесет дена, откако отидов горе во Ерусалим, на поклонение, 12и не ме најдоа ни во Храмот, ни во синагогите, ниту во градот да са расправам со некого или да го бунам народот, 13а не можат ни тебе да ти го докажат она заради што ме обвинуваат сега. 14Но тебе ти признавам: дека според Патот, кого тие го наречуваат ерес, така Му служам на Бога на нашите татковци, верувајќи во сѐ што е напишано во Законот и Пророците, 15и дека се надевам во Бога, како и овие сами, дека ќе има воскресение на праведните и неправедните. 16Затоа и самиот се трудам секогаш да имам чиста совест и пред Бога и пред луѓето. 17По многу години дојдов да му донесам милостина на својот народ и да принесам жртви, 18при што ме најдоа, очистен во Храмот, не со народ и не со врева. И некои Јудејци од Азија, 19кои требаа да излезат пред тебе и да ме обвинат, ако имаа нешто против мене. 20Или овие сами нека кажат каква неправда најдоа на мене, кога стоев пред Синедрионот, 21освен ако се работи за овој еден збор што го реков гласно, стоејќи меѓу нив: ‘заради воскресението на мртвите ме судите денес!’“
22Тогаш Феликс, кој доста добро го познаваше тој Пат, го одложи нивното дело, велејќи: „Кога ќе дојде илјадникот Лисиј, ќе го решам вашето дело.“ 23А на стотникот му заповеда да го чуваат; но да му даваат извесна слобода и да не му бранат никому од неговите да му служат. 24А по неколку денови дојде Феликс со својата жена Друзила, која беше Јудејка, го повика Павла и ги слушаше неговите зборови за верата во Исуса Христа. 25А кога зборуваше за праведноста, за воздржувањето и за идниот суд, Феликс се уплаши и одговори: „Сега оди си! И кога ќе најдам време, пак ќе те повикам.“ 26Меѓутоа се надеваше дека Павле ќе му даде сребреници; затоа почесто го повикуваше и разговараше со него. 27А кога се наполнија две години, Порциј Фест го наследи Феликса; сакајќи да им угоди на Јудејците, Феликс го остави Павла во окови.

Селектирано:

ДЕЛА 24: MKB

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се