Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Дела 15:22-41

Дела 15:22-41 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Тогаш апостолите, старешините и целата црква во Ерусалим решија да изберат луѓе и да ги испратат во сириска Антиохија, заедно со Павле и Барнаба за да им ја пренесат оваа одлука. Одбраа двајца од водачите на црквата: Јуда, наречен Барсаба, и Сила. Ним им го предадоа следново писмо: “Од апостолите и старешините, ваши браќа од Ерусалим, до христијаните од нееврејско потекло во Антиохија, Сирија и Киликија. Поздрави до вас! Слушнавме дека кај вас дошле луѓе одовде и, без да добијат од нас никакви упатства, ви издавале разни заповеди, со што многу ве вознемириле. Затоа, откако постигнавме согласност по ова прашање, избравме луѓе што ќе ги испратиме кај вас, заедно со нашите сакани Барнаба и Павле, луѓе што Му ги посветиле своите животи на нашиот Господ Исус Христос. Ги испраќаме Јуда и Сила, кои и усно ќе ви го објаснат ова што ви го пишуваме. Светиот Дух и ние решивме да не ве оптоваруваме со други бремиња, освен со овие неколку нешта, што се неопходни: да не јадете месо што е принесено како жртва на идоли, да не консумирате крв, да не јадете задавени животни и да се пазите од блуд. Доволно е да се придржувате до овие упатства. Бидете поздравени!“ Така четворицата испратени заминаа за сириска Антиохија. Таму свикаа собрание на сите христијани и им го предадоа писмото. Луѓето го прочитаа и многу и се израдуваа на неговата содржина. А Јуда и Сила, обајцата Божји пророци, долго им зборуваа на христијаните, охрабрувајќи ги и зајакнувајќи им ја верата. Поминаа со нив извесно време, а потоа со благослов од христијаните се вратија во Ерусалим кај оние што ги испратија. (Но Сила реши да остане таму.) Павле и Барнаба останаа во Антиохија, каде што заедно со многу други луѓе поучуваа и ја проповедаа пораката од Господ. По извесно време Павле му рече на Барнаба: „Ајде да се вратиме и повторно да ги посетиме христијаните по сите градови каде што ја проповедавме пораката од Господ, за да видиме како се.“ Барнаба се согласи, но предложи да го поведат со себе и Јован, со прекар Марко. Меѓутоа, Павле сметаше дека не треба да водат со себе човек што веќе еднаш ги остави во Памфилија и се повлече од работата. Несогласувањето беше толку остро што тие се разделија. Барнаба го зеде со себе Марко и тие отпловија за Кипар. Павле, пак, го зеде со себе Сила, и заедно тргнаа на пат, откако верните се помолија Господ да им биде благонаклонет. Така тие пропатуваа низ Сирија и Киликија, и по сите цркви ги охрабруваа христијаните.

Дела 15:22-41 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тогаш апостолите и старешините заедно со целата Црква одлучија да ги изберат меѓу себе Јуда, наречен Вар­на­ва, и Сила, истакнати мажи меѓу бра­ќа­та, и заедно со Павле и Варнава да ги пратат во Антиохија. И со своите раце им го напишаа следново писмо: „Апостолите, свеш­те­ниците и браќата ги поздравуваат бра­ќата од нееврејските народи што се во Антиохија и Сирија и Киликија. Сме слушнале дека некои од нас, на кои ништо не сме им заповедале со збо­рови, ве вознемириле, и ги потресле ду­шите ваши, велејќи ви да се обрезувате и да го пазите Законот. Затоа, откако се собравме, едно­душно одлучивме да избереме луѓе и да ги пратиме кај вас заедно со нашите омилени Варнава и Павле, луѓе, кои ги предадоа душите свои за името на нашиот Господ Исус Хрис­тос. И така, ние ви ги пративме Јуда и Сила, кои ќе ви го кажат тоа и усмено. Зашто Светиот Дух и ние од­лу­чив­ме да не ви ставаме на вас никаков друг товар, освен она што е потребно: да се воздржувате од месо принесе­но како жртва на идоли, од крв, од уда­ве­но, и од блудство. Ако внимавате на ова, добро ќе направите. Бидете здра­ви!“ И така испратени, тие дојдоа во Антиохија и кога го собраа народот, му го предадоа посланието. А кога го прочитаа, се зарадуваа поради утешниот збор. Јуда, пак, и Сила, кои и самите беа пророци, со многу зборови ги утешија браќата и ги поткрепија. Откако престојуваа таму некое вре­ме ги пуштија браќата со мир кај оние што ги испратија. (Сила одлучи да остане, а само Јуда замина.) Павле, пак, и Варнава се задржаа во Антиохија, поучувајќи и благовестувај­ќи го словото Господово заедно со мно­зина други. По некое време Павле му рече на Варнава: „Да појдеме пак во сите гра­до­ви, каде што го проповедавме словото Господово за да ги видиме како жи­ве­ат.“ Варнава предложи да го земат со себе и Јован, наречен Марко. Но Павле сметаше дека не доликува да го земат со себе оној, што се беше одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив по работата, за која беа пратени. Поради тоа дојде до жестока рас­пра­вија, така што тие се разделија еден од друг; и Варнава, откако го зеде Мар­ко, отплови за Кипар; а Павле, пак, го избра Сила и замина, од браќата предаден на Божјата бла­годат. И, минувајќи низ Сирија и Ки­ли­ки­ја, ги утврдуваше црквите.

Дела 15:22-41 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тогаш апостолите и старешините, со целата црква, одлучија да изберат меѓу себе некои луѓе и да ги испратат со Павла и Варнава во Антиохија: Јуда, наречен Варсава, и Сила, водечки луѓе меѓу браќата, и по нив го испратија ова писмо: „Апостолите и старешините, ваши браќа, ги поздравуваат браќата од народите во Антиохија, Сирија и Киликија! Бидејќи чувме дека некои од нас, на кои ништо не им заповедавме ве збуниле со зборови и ги смутиле вашите души, одлучивме еднодушно да избереме мажи и да ги пратиме при вас, со нашите возљубени Павле и Варнава, со луѓето, кои ги предадоа своите души за нашиот Господ Исус Христос. И така, ви ги испраќаме Јуда и Сила, кои ќе ви го соопштат и усно истово. Имено, Светиот Дух и ние одлучивме да не ставаме на вас никакво друго бреме, освен овие потребни работи: да се воздржувате од жртвуваното на идолите, од крв, и од удавено и од блудство; ако се пазите од тоа, добро ќе направите. Бидете здрави!“ И така пратените слегоа во Антиохија, го собраа народот и го предадоа писмото. А кога го прочитаа, се зарадуваа на утехата. Јуда пак и Сила, кои и самите беа пророци, ги тешеа и ги утврдуваа браќата со многу зборови. И откако поминаа таму некое време, браќата ги испратија со мир при оние, кои ги беа пратиле. Сила пак одлучи да остане таму. А Павле и Варнава останаа во Антиохија, каде заедно со многу други поучуваа и го проповедаа Господовото слово. По неколку дена Павле му рече на Варнава: „Да се вратиме пак и да ги посетиме браќата по сите градови, каде го проповедавме Господовото слово, за да видиме како се!“ А Варнава сакаше да го поведат со себе и Јована, наречен Марко. А Павле сметаше дека не треба да го водат оној, кој се одделил од нив во Памфилија и не беше пошол со нив на дело. И дојде до расправа, така што се разделија еден од друг. Варнава го зеде со себе Марка и отплови за Кипар; а Павле го избра Сила и тргна, предаден од браќата на Господовата благодат. И поминуваше низ Сирија и Киликија и ги утврдуваше црквите.