2 Тимотеј 2:8-13
2 Тимотеј 2:8-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Постојано имај Го на ум Исус Христос! Тој му беше потомок на Давид и воскресна од мртвите. Тоа е Радосната вест што јас ја проповедам. Поради тоа што ја проповедам Радосната вест сега сум в затвор, како да сум злосторник. Но Божјата порака не е окована! Готов сум се да издржам, ако со тоа придонесам оние што Бог ги одбрал да добијат спасение и вечна слава, бидејќи Му припаѓаат на Исус Христос. Вистина е дека: „Ако сме умреле со Христос, со Него и ќе живееме. Ако издржиме, со Него ќе владееме. Ако се откажеме од Него и Тој ќе се откаже од нас. Ако не Му бидеме верни, Тој сепак ќе остане верен, зашто Христос не може да се порекне Самиот Себе.“
2 Тимотеј 2:8-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Спомнувај си Го Господ Исус Христос од Давидовото семе, Кој воскресна од мртвите, според моето Евангелие, поради кое страдам дури до окови, како злосторник. Но словото Божјо не може да се стави во окови. Затоа сѐ трпам заради избраните, за да добијат и тие спасение во Христос Исус со вечна слава. Верни се зборовите: Ако со Него сме умреле, со Него и ќе живееме. Ако истраеме, со Него и ќе царуваме. А ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас. Ако не сме верни, Тој останува верен, бидејќи Сам Себе не може да се одрече.
2 Тимотеј 2:8-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие, за кое страдам сѐ до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано. Заради тоа издржувам сѐ заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса. Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме; Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас; ако сме неверни, Тој останува верен! Зашто Сам Себе не може да се одрече.“