2 ТИМОТЕЈА 2
2
Заради Христа треба да се трпи сѐ
1И така, ти чедо мое, зајакнувај во благодатта, која е во Христа Исуса! 2И што си чул од мене, пред многу сведоци, довери им го на поверливите луѓе, кои ќе бидат способни да ги поучуваат и другите! 3Поднесувај ги со мене страдањата, како добар војник на Христа Исуса! 4Никој, кој е во воена служба, не се заплетува во работите на овој живот, за да му угоди на оној кој го повикал во војската. 5Исто така, ако некој се натпреварува, не добива венец ако не се натпреварува прописно. 6Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси од плодовите. 7Разбери што зборувам, Господ ќе ти даде да разбереш сѐ.
8Помни Го Исуса Христа, Кој воскресна од мртвите, Кој е од Давидовото потомство, според моето Евангелие, 9за кое страдам сѐ до окови, како некаков злосторник. Но Божјото слово не е оковано. 10Заради тоа издржувам сѐ заради избраните, та и тие да добијат спасение со вечна слава во Христа Исуса. 11Веродостојно е словото: „Ако умревме со Него, со Него и ќе живееме; 12Ако трпиме, со Него и ќе царуваме; ако се одречеме од Него, и Тој ќе се одрече од нас; 13ако сме неверни, Тој останува верен! Зашто Сам Себе не може да се одрече.“
Треба да се води борба против непријателите на вистината
14Ова напомнувај го, заколнувај ги пред Бога, да не се препираат околу зборови, тоа е неполезно, туку е за пропаст на слушателите. 15Труди се грижливо, за да се покажеш себеси достоен пред Бога како работник, кој не треба да се срамува, кој правилно го проповеда словото на вистината! 16А отстранувај се од непристојни и празни зборови, зашто таквите сѐ повеќе ќе напредуваат во безбожност, 17а нивното слово ќе разјадува како рак; од кои се Именеј и Филет, 18кои се оддалечија од вистината, тврдејќи дека воскресението веќе станало и со тоа ја рушат верата на некои. 19Сепак цврсто стои Божјата основа, која го има овој печат: „Господ познава кои се Негови“ и „Да отстапи од неправдата секој, кој Го именува Господовото име!“ 20А во голем дом има не само златни и сребрени садови туку и дрвени и земјани. Едните се за благородна, а другите за неблагородна употреба. 21И така, ако некој се очисти од овие, ќе биде сад за чесна употреба, осветен, полезен на домаќинот и приготвен за секое добро дело.
22Бегај од младински желби! Стреми се кон правда, вера, љубов и мир со оние кои Го повикуваат Господа од чисто срце. 23А отфрли ги безумните и неразумните распрашувања, знаејќи дека раѓаат борби! 24А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; 25да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, 26за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја.
Селектирано:
2 ТИМОТЕЈА 2: MKB
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
The Macedonian Bible: Old and New Testament, Konstantinov
Copyright © 1999, 2004, by Loukas Foundation ®
Used by permission of City Bible Foundation ® All rights reserved worldwide.