2 Тимотеј 2:24-26
2 Тимотеј 2:24-26 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Човек што Му служи на Бог не треба да се кара, туку да биде љубезен спрема сите, да ги поучува, да биде трпелив, кротко да ги поучува оние што и се противставуваат на вистината. Можеби Бог ќе им помогне да се покаат и да ја сфатат вистината. Тогаш ќе си дојдат на себеси и ќе се извлечат од стапицата во која ги има фатено Ѓаволот и ги има натерано да ги извршуваат неговите наредби.
2 Тимотеј 2:24-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А слугата Господов не треба да влегува во расправии; туку да биде кроток кон сите, способен да поучува и да поднесува зло, со кротост да ги превоспитува противниците за да би можел Бог да им даде покајание, за да ја познаат вистината, и да се ослободат од мрежата на ѓаволот кој ги уловил живи за да ја исполнуваат неговата волја.
2 Тимотеј 2:24-26 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А Господовиот слуга не смее да се расправа, туку треба да биде кроток кон сите, способен да поучува и да трпи; да ги воспитува со кротост оние кои се противат, та не би ли им дал Бог покајание, за полно познавање на вистината, за да се отрезнат од мрежата на ѓаволот, кој ги заробил за да ја исполнуваат неговата волја.