2 Солуњаните 3:11-13
2 Солуњаните 3:11-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа. Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат. А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.
2 Солуњаните 3:11-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но слушаме дека некои од вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи; на таквите им заповедаме и ги молиме во нашиот Господ Исус Христос да работат тивко и да си го јадат својот леб. А вам, браќа, да не ви здодејува да правите добро.
2 Солуњаните 3:11-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Имено, слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат, туку се занимаваат со празни работи. На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб. А на вас, браќа, да не ви се досади да правите добро!