Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Солунјаните 3

3
1Понатаму, драги пријатели, молете се за нас. Молете се најнапред учењето за Господ брзо да се шири, па и другите да го почитуваат она што го почитувате вие.
2Молете се да не паднеме во рацете на лоши и злобни луѓе, зашто сите луѓе немаат вера во Господ.
3Но, во Господ можете да имате доверба. Тој ќе ви даде сила и ќе ве чува од Злиот.
4Господ ни дава увереност дека она што ви го наложивме го правите и ќе продолжите да го правите.
5Се молам Господ да ви ги насочува срцата кон исполнување со љубов, онака како што Бог е полн со љубов, и кон трпеливост, онака како што Христос е трпелив.
6Сега, драги пријатели христијани, во името на нашиот Господ Исус Христос, ви наложувам да не им се придружувате на оние меѓу вас, кои само денгубат, ништо не работат и не се придржуваат до она што ве учевме.
7Вие сигурно знаете дека треба да го следите нашиот пример. Додека бевме кај вас, ние не седевме со скрстени раце.
8Лебот што го јадевме не беше подарок од вас, туку деноноќно напорно работевме, за да не му бидеме никому на товар.
9Не дека ние не можевме да бараме храна од вас, туку сакавме вам да ви дадеме пример.
10Уште кога бевме кај вас ви рековме: на оној што не сака да работи, не давајте му ни да јаде!
11Слушаме дека некои меѓу вас денгубат, ништо не работат и само се плеткаат во тоа што не е нивна работа.
12Заради нашиот Господ Исус Христос ги молиме тие луѓе и бараме од нив да се средат и да почнат да работат, та сами да се издржуваат.
13А вам, драги пријатели, што не сте во таа група, никогаш нека не ви биде мачно да правите добри дела.
14Посочете ги луѓето што не се придржуваат до упатствата што ви ги дадовме во ова писмо. Престанете да се дружите со нив, за да се посрамат.
15Немојте да ги сметате за свои непријатели, туку советувајте ги како членови на вашето духовно семејство.
16Господ нека биде секогаш со вас и нека ви дава мир во секакви околности, зашто Самиот Тој е извор на мирот.
17Како и во сите мои писма, ве поздравувам со своерачен потпис: Павле.
18Нашиот Господ Исус Христос нека ви биде благонаклонет на сите.

Селектирано:

2 Солунјаните 3: MNT

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се