2 Самоилова 7:18-24
2 Самоилова 7:18-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш отиде цар Давид, застана пред лицето на Господ, и рече: „Кој сум јас, Господи, и што е домот мој, та толку ме возвеличи! Па и тоа дури се покажа сосема малку во Твоите очи, Господи, Боже мој; но Ти извести уште за домот на Твојот слуга далечна иднина, тоа го поставуваш како закон за луѓето, Господи, Боже мој! Што уште може да ти каже Давид? Ти го познаваш Твојот слуга, Господи мој, Господи! Ти го правиш ова заради зборот Свој и по срцето Свое, откривајќи му ги на слугата Свој сите големи работи. Затоа во сѐ си голем Ти, Господи, Боже мој, зашто нема сличен на Тебе и нема Бог, освен Тебе, по сѐ што сме слушале со ушите свои. И кој друг народ на земјата е како Твојот народ – Израел; за кој доаѓал Бог да Си го откупи за свој народ, да го прослави името Свое и да изврши големи и страшни чуда пред Својот народ, кој Ти си го придобил од Египќаните, прогонувајќи ги народите и боговите нивни? И Ти го одреди за Себе Твојот народ Израел како Свој сопствен народ засекогаш, и Ти, Господи, стана негов Бог.
2 Самоилова 7:18-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш царот Давид влезе во шаторот и застана пред Господа и се помоли: „Кој сум јас, Господи Боже, и што е мојот дом та ме доведе дотука? Па и тоа е уште премало во Твоите очи, Господи Боже, та ѝ даваш Свои ветувања на куќата на Својот слуга за далечна иднина, и тоа е по законот човечки Господи Боже! Ама што би можел Давид уште да ти рече, кога Ти Самиот го познаваш Својот слуга, Господи Боже! Заради Својот збор и според Своето срце го направи сето ова големо дело, откривајќи ги сите овие величествености на слугата Твој да познае. Затоа велик си Господи Боже; нема таков каков што си Ти, и нема Бог освен Тебе, според сѐ што чувме со своите уши. Постои ли макар еден народ на земјата како Твојот израелски народ, заради кого Бог отиде да го избави за Свој народ, за да си прославиш така име со големи и страшни чуда, изгонувајќи ги кривобожечките племиња пред Својот народ, што го откупи од Египет? Така го закрепна израелскиот народ засекогаш, а Ти, Господи, му стана Бог.