2 Самоилова 6:14-16
2 Самоилова 6:14-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Давид играше со сета сила пред Господ, а беше облечен со ленен ефод. Така Давид и целиот Израелов дом го носеа ковчегот Господов со извици и звуци од труба. Кога ковчегот Господов влегуваше во Давидовиот град, Михала, Сауловата ќерка, гледаше од прозорецот нејзин и, откако го виде царот Давид како скока и игра пред Господ, го презре во срцето свое.
2 Самоилова 6:14-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Давид играше со сета сила пред Господа, а беше наметнат само со ленен наплеќник. Така Давид и сиот Израелев дом го носеа горе Господовиот Ковчег, воскликнувајќи со трубни звуци. А кога Господовиот Ковчег влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледаше низ прозорецот и го виде царот Давид како скока и игра пред Господа, и таа го презре во своето срце.