Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Самоилова 12:9-15

2 Самоилова 12:9-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

а ти зошто го презре зборот на Господ, извршувајќи зло пред очите Негови? Урија Хитиецот го нападна со меч, жената негова ја зеде за своја же­на, а него го уби со мечот на Амонците; затоа мечот нема никогаш да се оттргне од твојот дом засекогаш, бидејќи ти Ме презре и ја зеде жената на Хитиецот Урија за да биде твоја жена.‘ Така говори Господ: ‚Ете, јас ќе подигнам зло против твојот дом, ќе ги земам твоите жени пред очите твои и ќе ги дадам на ближниот твој, и тој ќе спие со твоите жени под ова сонце; ти го изврши тоа тајно, Јас, пак, ќе го извршам пред целиот Израел среде бел ден.‘“ Тогаш Давид му рече на Натан: „Згрешив пред Господ.“ А Натан му кажа на Давид: „И Господ го симна од тебе гревот твој; ти нема да умреш; но бидејќи со тоа им даде повод на непријателите Господови да Го хулат, затоа синот што ти се роди, ќе умре.“ Натан отиде во домот свој. И Господ го погоди детето што му го беше родила на Давид Уриевата жена, и тоа се разболе.

2 Самоилова 12:9-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Зошто го презре Господа и зошто го направи она што е зло во Неговите очи? Го уби со меч Хетеецот Уриј, а неговата жена ја зеде за своја жена. Да, него го уби со мечот на Амонците. Затоа веќе никогаш не ќе се сврти мечот од твојот дом, зашто Ме презре и зашто ја зеде жената на Хетеецот Уриј да ти биде жена.’ Господ зборува вака: ‘Еве Јас ќе подигнам зло против тебе од твојот дом. Ќе ги земам твоите жени од пред твоите очи и ќе му ги дадам на твојот ближен, кој ќе спие со твоите жени пред ова сонце. Навистина ти работеше тајно, но Јас ќе ја извршам оваа закана пред сиот Израел и пред сонцето!’“ Тогаш Давид му рече на Натана: „Згрешив пред Господа!“ А Натан му одговори на Давида: „Господ ти го опростува твојот грев: нема да умреш. Но бидејќи со тоа дело го презре Господа, неминовно ќе умре детето, кое ти се роди!“ Потоа Натан си отиде во својата куќа. А Господ го удри детето кое Уриевата жена му го роди на Давида, и тоа се разболе.