Лого на YouVersion
Икона за пребарување

2 Царевите 9:30-37

2 Царевите 9:30-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Јуј пристигна во Јизреел. А Језавела, откако слушна за тоа, стави црвило на лицето свое, ја накити главата своја и гледаше низ прозорецот. Штом Јуј влезе во портите, таа праша: „Дали носиш мир за Замвриј, убиецу на својот господар?“ Тој ги крена очите кон прозорецот и праша: „Кој е со мене, кој?“ И го свртеа погледот кон него двајца-тројца дворски слуги. Тогаш тој им рече: „Фрлете ја!“ Тие ја фрлија, и крвта ѝ се разлеа по ѕидот и по коњите, и ја изгазија. И кога дојде Јуј, јадеше, пиеше и рече: „Најдете ја онаа проклетница и погребете ја, бидејќи е царска ќерка.“ Отидоа да ја погребат, но од неа не најдоа ништо, туку само черепот, нозете и шаките од рацете. Се вратија и му соопштија, а тој рече: „Такво беше словото на Господ што го изрече Тој преку слугата Свој Илија од Тишбе, велејќи: ‚Трупот на Језавела ќе го изедат кучиња на Јиз­реелското поле. Језавелиниот труп ќе биде на Јизреелското поле како ѓубре на нива, та никој не ќе може да каже: „ова е Језавела.“‘“

2 Царевите 9:30-37 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

А Јуј беше влегол во Езраел. Кога Језавела го чу тоа, ги намачка очите, ја украси главата и погледна од прозорецот. И кога Јуј влегуваше низ вратата, таа рече: „Како е, Зимриј, убиецу на својот господар?“ Јуј го сврти лицето кон прозорецот и рече: „Кој е со мене, кој?“ И два-три дворјанци погледнаа кон него. Тој рече: „Фрлете ја долу.“ И тие ја фрлија. Нејзината крв ги испрска ѕидовите и коњите, кои што ја изгазија. Тој влезе, јадеше и пиеше, а потоа нареди: „Погледајте ја онаа проклетница и погребете ја, зашто беше царска ќерка.“ И отидоа да ја погребат, но не најдоа ништо од неа освен черепот, нозете и рацете. Се вратија и му јавија, а Јуј рече: „Тоа е словото што Господ го објави преку Својот слуга Тесвиецот Илија: ‘Во Езраелското Поле кучињата ќе го изедат Језавелиното тело. Језавелиниот труп ќе биде како гној во полето, за да не може да се рече: „Ова е Језавела.“‘“